subota, 26. srpnja 2014.

ПОРАЗ ЗА ЈУНИОРИТЕ И ОД ФРАНЦИЈА

Македонските ракометни јуниори го забележаа и вториот пораз на ЕП во Австрија, овој пат од репрезентацијата на Франција со 25-22. За разлика од првиот меч, кога Шпанците тотално нѐ надиграа, сега Македонија беше конкурентна.

До половина од првиот дел имавме 4-4, но тогаш Франција се одлепи на 8-4 и потврди дека е многу квалитетна репрезентација.

 Македонија се приближи, но до крајот на полувремето следуваше уште една серија од 4-0 за Франција, со која противникот дојде до 13-7 што беше недостижна предност за нашите ракометари.
Во вториот дел ги следевме во чекор Французите, кои ниту еднаш не водеа со повеќе од шест разлика. Во завршните минути Македонија притисна, дури имаше и напад за да намали на два негатива, сепак на крај останаа конечни 25-22.
Најефикасен во тимот на Зоран Петковски беше Мартин Манасков со 8 гола, додека Филип Талески постигна 6. В недела, Македонија игра со Норвешка, во 18 часот.

Nema komentara:

Objavi komentar